Шаќири: Во текот на наредните денови ќе се достават свидетелствата, Бирото ги заврши сите постапки

shakiri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Оваа година нема да доцни доделувањето на свидетелства за учениците. Бирото за развој на образованието ги заврши сите постапки околу набавката, изјави денеска министерот за образование Јетон Шакири во одговор на новинарско прашање пред почетокот на дебатата „Насилство кај децата“.

Прашан дали годинава учениците на време ќе ги добијат свидетелствата за разлика од лани кога го чекаа почетокот на новата учебна година, Шаќири рече дека во текот на наредните денови, односно до крајот на учебната година, ќе се достават сите свидетелства. Останува само на училиштата да го одредат датумот за нивно доделување.


-Бирото за развој на образованието ги заврши сите постапки. Според моите информации што веќе се потврдени, денеска го завршуваат потпишувањето на договорот според сите жалбени постапки, и навремено ќе се достават сите свидителства до основните и средните училишта. Веќе достава имаме за матурантите и за тие што завршуваат основно образование, но наредните денови до крајот на учебната година, ќе се достават сите свидителства, и после останува на училиштата да одредуваат кога ќе биде датумот за достава на свидителствата, посочи Шаќири.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK