СДСМ: ВМРО ДПМНЕ обезбедува само деструкција и лажни вести


СДСМ: Мицкоски е директно одговорен за поскапување на струјата за 100 отсто за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ - МИА

Скопје, 16 јануари 2021



Преку три механизми, Владата предводена од СДСМ обезбедува вакцини против Ковид 19 за 60 отсто од населението, ВМРО-ДПМНЕ обезбедува само деструкција и лажни вести.

Повеќе од три години трае деструктивното, неодговорно однесување на Христијан Мицкоски кое е на штета на граѓаните и опасно по јавното здравје.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат поим од ништо освен да шират лажни вести, да работат против интересите на граѓаните, на државата.

Безмалку една година ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски го поткопува здравствениот систем, го погазува трудот на здравствените работници, а во последните недели шири лаги и невистини со кои се обидува да внесе вознемиреност во јавноста.

Фрустрациите на ВМРО-ДПМНЕ се толку големи што заради гол популизам го ставаат на коцка здравјето на граѓаните во оваа коронакриза.

Граѓаните да бидат спокојни, да не подлегнуваат на лажните тези на ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од СДСМ, преку три механизми, ќе обезбеди вакцини против корона вирусот за вакцинирање на 60 проценти од населението. ВМРО-ДПМНЕ, како и досега ќе обезбеди само шарени лаги и деструкции.

Центар за комуникации со јавноста