СДСМ: Седум факти за незаконскиот долг од 400 илјади евра на ВМРО-ДПМНЕ


Скопје, 14 декември 2019

Факт број еден: ВМРО-ДПМНЕ има долг од 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска за претседателските избори.

Факт број два: Сметката за изборната кампања е затворена и со тоа долгот веќе не може да се подмири.

Факт број три: Со тоа е прекршен членот 1 од Изборниот законик каде е јасно наведено дека  сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка.

Факт број четири: Одговорен за финансирањето и потписник на сметката е Игор Јанушев, тоа го укажа и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Сиљановска.

Факт број пет: Христијан Мицкоски со денови молчи и не бара одговорност од неговиот генерален секретар Јанушев.

Факт број шест: Со таквото однесување Мицкоски е ист како неговиот ментор Никола Груевски кој надвор од законот сметките за изборни кампањи ги затвораше со долгови од над 3 милиони евра.

Факт број седум: Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата е навикната на деструкција, блокади и незаконско работење и нема намера да излезе од таа матрица.

Казната за таквото однесување стигнува на 12 април кога граѓаните одново ќе ги поразат погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Центар за односи со јавност на СДСМ


Вести

По апелите на Вархеј, политичките партии со поместени позиции за новиот закон за ЈО

– СДСМ и ДУИ испорачаа до ВМРО-ДПМНЕ нов предлог-закон за Јавно обвинителство, што најголемата опозициска партија ќе го анализара деновиве. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, истакна дека неговата партија и коалицијата се подготвени за тој […]

Вести

Жртвите од лустрација обесштетени со вкупно 32.400 евра

– Европскиот суд за човекови во Стразбур (ЕСЧП), постапувајќи по предметите за процесот на лустрација во Македонија, досега има донесено шест пресуди против нашата држава. Во меѓувреме постапува и по три други предмети. Владиниот агент […]

Вести

Процесот за отповикување на Трамп продолжува во вторник

– Процесот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп продолжува во вторник, 21 јануари, кога ќе бидат презентирани воведните аргументи во Сенатот. Процесот во Горниот дом на американскиот Конгрес официјално започна во четвртокот. Трамп ќе […]