Претседавачот со ОБСЕ Османи утре во Казахстан на средби со државниот врв и со граѓанските организации

osmani
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на посетата на Централна Азија во својство на претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе престојува во Астана, Казахстан каде ќе има средби со државниот врв.

Како што соопшти МНР, Османи ќе се сретне со шефот на државата Касим Јомарт Токајев и со вицепремиерот и министер за надворешни работи Мурат Нуртлеу, со кого ќе одржат и заедничка прес-конференција. Османи ќе оствари средби и со министерката за екологија и природни ресурси Зулфија Сулеименова и со претседателот на Сенатот на Парламентот на Казахстан, Маулен Ашимбаев.


Османи во Астана ќе се сретне и со претставници на граѓанските организации, а ќе ја посети и Програмската канцеларија на ОБСЕ за одблиску да се запознае со активностите и проектите што ОБСЕ ги спроведува во Казахстан.

Посетата на Казахстан и на регионот на Централна Азија, како што информира МНР, претставува еден од приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Покрај тоа, претседавачот Османи има можност за директна размена на мислења за актуелните и важни прашања за функционалноста на ОБСЕ, како и за запознавање со работата на теренските мисии на ОБСЕ и нивната програмска и проектна соработка со земјите од Централна Азија, наведуваат од МНР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK