Претседателот Пендаровски на аудиенција кај Кралот на Белгијците Филип

pendarovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски денеска, во рамки на работната посета на Белгија, имаше аудиенција кај кралот на Белгијците, Филип.

Претседателот Пендаровски и кралот Филип изразија задоволство од развојот на односите меѓу двете земји што се карактеризираат со цврсто и искрено пријателство, основани на меѓусебна почит и разбирање. Во пресрет на одбележувањето на 30 години од воспоставувањето дипломатски односи беше нагласен интересот за понатамошно унапредување на билатералната соработка.


Претседателот Пендаровски во разговорот со Кралот на Белгијците Филип изрази благодарност за досегашната отворена и конструктивна соработка, како и за поддршката за процесот на македонската интеграција во Европската Унија.

На средбата беше истакнато и сојузништвото во рамките на НАТО како додадена вредност кон заедничкото делување за градење на постабилна и побезбедна Европа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK