Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кувајт, Гази Хамед Алфадли

pendarovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Гази Хамед Алфадли, новоименуван амбасадор на Државата Кувајт во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.

Претседателот Пендаровски посочи дека Република Северна Македонија и Државата Кувајт, низ годините, изградија билатерални односи и соработка кои традиционално се базираат на пријателство, меѓусебно разбирање и заемно почитување, при што ја нагласи подготвеноста за натамошно унапредување на меѓусебната соработка во сите области од заемен интерес.


Новоименуваниот кувајтски амбасадор Гази Хамед Алфадли на церемонијата на предавање на акредитивните писма истакна дека е целосно подготвен да ги поттикне и зајакне односите меѓу Кувајт и Северна Македонија за време на неговиот мандат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK