Помалку средства за претстојните 60. Рацинови средби од Министерството за култура

racin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За претстојните Рацинови средби кои по 60. јубилеен пат ќе се одржат од 9 до 15 јуни во Велес градот на поетот Коста Солев Рацин, годинава Министерството за култура издвои 204 илјади денари, што е скоро за 50 проценти помалку споредено со лани кога издвои скоро 382 илјади, информира на денешниот прес Александра Андреева од Општина Велес, а која ги организира Рациновите средби преку делегирана надлежност на ЗГ Плус Публика.







Андреева, инфрмира дека заедно годинава Општина Велес од Министерството за култура за Рациновите средби побарале 600 илјади денари, а добиле упола помалку споредено со ланските околу 382 илјади. Годинашната богата програма за претстојните 60 јубулејни Рацинови средби ќе ја чини Општина Велес околу 1 милион денари, во што е вклучен и паричниот дел од 60 илјади за добитникот на Рациновото признание, како и за Втората атлетска трка „Трчаме за Рацин“ што на 11 јуни вечерта ќе се одржи низ велешките главни улици со над 500 учесници.

Инаку годинава 60. Рацинови средби ќе започната со посета на родната куќа на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во стариот дел на Велес, а посетата е слободно за сите заинтересирани. Насловена е „На гости кај Рацин“ Отворен ден за запознавање со животот и творештвото на Рацин.

И годинава ултрамаратонците ќе трчаат од Велес до планината Лопушник- местото на погибјето на Рацин, а ќе се одржи и Планинарски марш во чест на Рацин исто на планината Лопушник.

Во соработка со Институтот за македонски јазик и годинава ќе има Научен симпозиум за Рацин, како и промоција на серијалот за Коста Рацин-Црвениот поет.

Во рамките на програмата ќе има традиционално поетско читање освен на возрасни и на млади поети.

На свеченото затворање со богата програма ќе бидат врачени и Почесното и Рациновото признание за 2023 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK