Во присуство на министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, гувернерот на сојузната држава Вермонт, Фил Скот и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт во Берлингтон свечено беше одбележа 30-годишнината од партнерството меѓу нашата Армија и Националната гарда на Вермонт.
– Гледајќи наназад, во изминатите три децении, се потсетуваме на безброј поединци кои се посветија на оваа соработка со својата стручност и експертиза. Се восхитувам на визионерите, одлучноста и силната верба во ова партнерство, кое станува уште посилно. Пред неколку децении се боревме со внатрешни кризи. Денеска сме земја членка на НАТО. Пред неколку години баравме итна помош. Денес Северна Македонија повеќе не е дел од проблемот, таа е дел од решението. Преку ова партнерство градиме сопствени национални капацитети, ги подобруваме нашите процедури, ја модернизираме нашата Армија, но најважното е што изградивме многу силно пријателство, изјави Петровска пред присутните на свечениот прием по повод 30-годишниот јубилеј.
Началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, како што наведуваат од Министерството за одбрана, порача дека изминатите три децении беа одбележани од одлична соработка, меѓусебно разбирање и размена на идеи и искуства. Националната гарда на Вермонт, порача генералот Ѓурчиновски, е повеќе од партнер на Армијата.
На свеченоста се обрати и командантот на Националната гарда на Вермонт, генералот Најт кој истакна дека најважниот дел од партнерството се пријателствата и дека со нетрпение ги очекува следните 30 години во кои ова партнерство ќе го достигне својот целосен потенцијал.
Во Берлингтон, Вермонт, во присуство на министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, гувернерот на сојузната држава Вермон
Во текот на вчерашниот ден, Петровска ја посети и Воздухопловната база на Националната гарда на Вермонт, како и Оперативниот центар за итни случаи на Вермонт, каде оствари средба со директорката на Центарот, Ерика Борнеман.
Во текот на денот ќе биде одржана свечена церемонија и прием од страна на гувернерот на Вермонт, Фил Скот, каде со министерката Петровска ќе потпишат заедничка изјава за 30-годишното партнерство. Воедно, Петровска ќе го посети и воениот универзитет „Норвич“ која е најстарата приватна воена академија во САД и каде македонските питомци имаа шанса да го надградат своето знаење. Во „Норвич“, Петровска ќе оствари средба со претседателот на Универзитетот, генерал мајор Марк Анарумо, со кого ќе биде разгледана можноста за продолжување на соработка. Петровска ќе го посети и сквадронот за сајбер операции и баталјонот за информатички операции.