Пендаровски: Мудроста и поуките на свети Климент Охридски се втемелени во светогледот на нашиот народ


Мудроста и поуките на свети Климент Охридски се втемелени во светогледот на нашиот народ и на нивните вредности се развива и нашата Македонска православна црква. Инспирирани од неговото дело, во овие сложени времиња исполнети со многу предизвици, да се стремиме кон подостоен живот, живот исполнет со добри дела. Да бидеме солидарни, сплотени, да си посветуваме внимание и да си даруваме љубов, напиша претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски во честитката упатена до г. г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима.


 

Честитајќи им го празникот на г. г. Стефан, на членовите на Светиот архиерејски синод, на целото свештенство и монаштво и на сите верници од православната вероисповед, Пендаровски вели дека свети Климент Охридски како еден од најистакнатите ученици и следбеници на сесловенските браќа, светите Кирил и Методиј, со отворањето на Охридската книжевна школа, позната и како Прв универзитет на Балканот, остави непроценлив придонес во етаблирањето на словенската култура.

-Неговото духовно и книжевно дело е трајно врежано во македонското културно наследство, но и во историјата и во традицијата на многу европски земји. Нека е за многу години големиот празник Свети Климент Охридски, посочува претседателот Пендаровски во честитката.