Османи: Немаме алтернатива освен да продолжиме да разговараме и да најдеме начин како да го направиме исчекорот


Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека утре во собраниската Комисијата ќе има можност отворено да разговара со пратениците за, како што вели, хронолошки да ги објасни активностите што се преземени сите овие месеци за да се обезбеди исчекор на европскиот пат.


 

– Иако целиот овој период се обидов да бидам транспарентен со јавноста во однос на тоа што разговараме, што се пречките, кои се принципите, кои се нашите очекувања, добро е да се направи пресек пред пратениците. Така што ќе се објаснат позициите наши, односно тоа дека Република Северна Македонија ги има исполнето сите услови за почнување преговори и преговорите заслужува да ги почне, истакна во интервју за Телма министерот Османи.

Тој додаде дека ставот на 26 земји членки е оти РСМ е најдоброто досие во регионот и дека преговорите мора да почнат, а секое одложување значи сериозно нарушување на кредибилитетот на процесот.

Во разговорот појасни дека во моментот има два паралалени процеси.

– Едниот е португалксиот предлог што ги третира прашањата од прегоравачката рамка што ги оспорува Бугарија и кои се причина за процесот да биде блокиран. Вториот процес  одржување на втората меѓувладина комисија во која треба да се дефинира протоколот, односно акцискиот план кој во последно време се третира како иден патоказ, кој би бил дел од решенијата што ги предлага португалскиот предлог. Што значи патоказот го дефинираме со Република Бугарија на билатерална основа, содржината на патоказот, додека позицијата на патоказот и прашањата од преговарачката рамка ги дава португалскиот предлог, потенцира Османи.

Тој нагласи дека остануваме на ставот оти португалскиот предлог е основата за решение што се надоврзува на берлинското решение од минатата година и дека е предлог што ги исполнува просторот за компромис.

– Се обидуваме по овие патеки да работиме. Ќе имаме уште неколку дена за директни средби и разговори за да може во вторник да има одлука, рече Османи.

Најави дека во четврток екипата што е вклучена во ова прашање раководена од премиерот Зоран Заев, ќе бидат во Софија на директни средби со претседателот и со премиерот на Бугарија, за да, како што рече, се искористат и овие последни денови пред одлуката во вторник.

Според него, регионот е пред точката на губење на кредибилитетот на европската перспектива и тоа би имало сериозни последици понатаму во регионот.

– Ние немаме друга алтернатива доколку на 22 јуни не успееме да продолжиме натаму со напорите.  Тоа што го кажуваме дека контекстот понтамошен е уште повеќе компликуван.Прво затоа што Бугарија влегува во нови избори, ние влегуваме во локални, ќе има избори во големите земји членки кои се важни за процесот на проширување и тоа уште повеќе ќе го стесни просторот за решение и затоа беа сите овие напори да најдеме решение во јуни, Но ние немаме алтернатива освен да продолжиме да разговараме и да најдеме начин како да го направиме исчекорот, рече министерот за надворешни работи Османи.