Османи на министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС

osmani
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи денеска ќе учествува на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС во Ријад, Саудиска Арабија.

Како што информира МНР, министерскиот состанок е во организација на државниот секретар на САД Антони Блинкен и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фаисал бин Фархан Ал-Сауд.


– Министрите од земјите членки на Глобалната коалиција ќе дискутираат за ДАЕШ/ИСИС во Ирак и Сирија, Африка, централна Азија и Авганистан, и како работните групи на Коалицијата се справуваат со овие закани, се вели во соопштението.

На годишниот министерски состанок на Глобалната коалиција за борба против Даеш/ ИСИС ќе учествуваат претставници од вкупните 86 земји од сите пет континенти што се дел од Коалицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK