Османи: Активностите на УНОПС во државата покажуваат резултати

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи на денешната средба со регионалниот директор на УНОПС за регионот на Европа и Централна Азија, Моин Карим, посочи дека активностите на УНОПС во државата покажуваат резултати.

– Сакам да изразам задоволство од работата на канцеларијата на УНОПС што се отвори минатата година во насока на имплементација на средствата од Кралствата Норвешка и Шведска, чија билатерална поддршка претставува основа за имплементација на проектите на УНОПС во Република Северна Македонија, истакна Османи.

Тој упати задоволство и од квалитетот на таргетирањето на билатералната помош и од нејзиното насочување во мултиетнички средини, создавајќи притоа и дополнителна вредност од аспект на кохезијата во општеството, како основа за долгорочна стабилност.

Османи упати благодарност до Карим и за таргетирањето на Секретаријатот за европски прашања, како корисник во насока на поддршка на администрацијата во нејзината подготовка за предизвиците кои претстојат, подготвувајќи ги капацитетите за преговори со Европската Унија.

Изрази уверување дека проектот „Нордиски напредок“ што УНОПС го спроведува во државата успешно ќе ја оствари целта за поддршка на Владата, зајакнувајќи ги капацитетите на администрацијата за интеграција на земјата во ЕУ.


Вести

Европски избори: Различни правила од земја до земја

Секоја држава членка на Европската унија сама ги одредува правилата за изборите за Европскиот парламент. Кој кога гласа ? Британците и Холанѓаните гласаат во четврток на 23 мај, Ирците на 24 мај, Летонците, Малтежаните и […]

Вести

Нови рочишта за „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“. Во „Триста“ обвинет е поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на […]

Вести

Пробни прелети за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“

Со два прелета во воздушниот простор на Република Северна Македонија изутринава од 7:30 до 9:30 часот ќе се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор). Прелетот ќе […]