Николовски: После 19 години создадени се нормативни услови да се реализира попис


Со усвојувањето на Законот за попис на населението се создадени нормативните услови да се реализира оваа важна статистичка операција после 19 години, објави вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на Фејсбук, поздравувајќи ја одлуката на пратениците и носењето на ова законско решение.



– Институциите се подготвени, ќе имаме попис по меѓународни стандарди. Концептот е професионален и одговорен, без политички влијанија, да имаме точни, веродостојни статистички податоци и да го спроведуваат стручни лица. Според критериумите на Евростат и меѓународните стандарди, наведува Николовски.

Според него, партизирањето на пописот е штетно и целосно непотребно, бидејќи тоа е статистичка операција, која е неопходна за да се планира развојот на државата.