Николовски: Ќе соработуваме со сите што можат да помогнат во борбата против корупција


Граѓаните очекуваат цврста, решителна и одлучна борба против корупцијата и таа може да се оствари само со чесен, искрен и одговорен пристап. Поставуваме столбови преку силни механизми, преку отворена и редовна меѓу институционална комуникација и соработка со отворени и отчетни институции кои покажуваат отпор кон корупцијата, изјави денеска  вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на конференцијата „Антикорупциски предизвици во 2021“.



На конференцијата кој е дел од проектот  „Набљудување на успешноста на работата на Државната Комисија за Спречување Корупција (ДКСК)“ што го спроведува Платформата на граѓански организации во борба против корупција се отвори дискусија за предизвиците и преземените активности во борбата против корупцијата во 2020 година и можните предизвици кои не очекуваат следната година.

Николовски, ги претстави пакет мерките на владата за борба против корупција и посочи дека нејзина заложба и решеност е да се стави крај на оваа појава е јасна и токму за тој приоритет нема компромис.

– Ние сме одлучни дека ќе соработуваме со сите чинители во општествената сфера кои имаат надлежност или можат да помогнат во процесот. Тука станува збор за висока соработка со ДКСК и останатите регулаторни тела како клучни институции во системот за борба против корупцијата, рече Николовски,

Тој потсети дека заложбата за градење на независни и ефикасни институции за борба против корупцијата се докажува со фактот дека од 2019 година буџетот на ДКСК постојано се зголемува.

– Буџетот едно време беше 35,6 милиони, беше и помал, оваа година е 60,9 милиони денари. Она што беше актуелно периодов се просторните капацитети како на ДКСК, така и на другите институции 15 институции за кои што треба овој проблем да биде решен. Силно сме ангажирани да најдеме начин како да ги решиме просторите проблеми и предизвици, но би рекол дека се обезбедени сите финансиски услови да можат институциите со целосниот капацитет да испорачаат услуги за борба против корупцијата, дополни Николовски.

Претседателката на Државната комисија за спречување за корупција, Биљана Ивановска рече дека очекува да бидат подобрени условите за работа во ДКСК за нејзино поефикасно функционирање во годината што претстои. Како ризици од корупција во процесот на јавни набавки таа ги посочи влијанието на политиката, криењето на крајните сопственици на компаниите кои што учествуваат во тендерите, немањето база на референтни цени, учество на еден понудувач со цена без конкуренција, повеќе понудувачи кои се договараат за цена, анкеси по добиени тендери, поништување на тендери како и слабости во тендерска документација.

– Во однос на судството, ДКСК прави проверка на имотната состојба, но со соочуваме со проблеми затоа што не се доставуваат анкетни листови, или се доставуваат не ажурирани, се даваат неточни податоци за што се поднесени прекршочни пријави. Сметам дека политичката волја е најважна и во обезбедување на средства на правосудните органи и во нивно поврзување, додаде Ивановска.

Данче Даниловска Бајдевска  од Фондацијата Отворено Општество Македонија потенцираше дека ФООМ ја поддржува Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата неколку години во спроведување на мониторинг на реформските процеси поврзани со антикорупција.

– Фокус на оваа поддршка е мониторингот на ДКСК, преку редовно следење на нивната работа но и разработка на серија документи за јавни политики за граѓанското општество да дава свои предлози од унапредување на ефикасноста на работењето на Комисијата, зајакнување на нејзината контролна функција и антикорупциска проверка на легислативата, образложи Даниловска Бајдевска.

Претседател на Институтот за демократија, Марко Трошановски, пак, нагласи дека постојат многу реформски предизвици и потфрлање во борбата против корупција. Како најголем проблем Трошановски го лоцираше, како што рече, задржување на интерни, некомпетентни кадри во борбата против корупција во институциите и долгогодишната инерција на одржување на овие клучни институции без соодветни ресурси и кадар, каков што е впрочем и случајот со ДКСК, обвинителството и инспекторатите. Во однос на правосудството тој апелираше дека треба да се фокусираме врз ефикасноста на правосудниот систем и санкционирање на злоупотреба на функциите особено во јавните набавки.

– Ако не покажеме конкретни чекори како држава, казнивост, одговорност на сторителите на кривични дела не можеме да очекуваме дека јавноста ќе ја има довербата и ќе учествува во овој повеќедимензионален проблем. Тој бара политички, институционални и финансиски ресурси кои што ќе бидат израз на искажаните заложби од страна на владата за да се дојде до видливи резултати, заклучи Трошановски.

Претставниците на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата на конференцијата презентираа наодите од проектот со фокус на правосудството, јавни набавки и мониторинг на работата на Антикорупциска комисија.

беа Натали Петровска од Коалиција сите за правично судење, Герман Филков од Центар за граѓански комуникации и Миша Поповиќ од Институт за демократија. Тие ги

Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации се осврна на неуспесите на антикорупциската политика во јавните набавки споделувајќи повеќе случаи во кои надлежни институции не постапуваат. Натали Петровска од Коалиција за правично судење ги истакна недостатоците во ресурсите со кои што располагаат правосудните органи и потребата од проверка на интегритетот на јавните обвинители и судиите.  Миша Поповиќ од Институтот за демократија нагласи дека доколку институциите како ДКСК, ДЗР и инспекторатите, притиснат со мноштво случаи, правосудството има потенцијал да ја смени динамиката во работата на судовите, односно да креира чувство на притисок од повеќе со што ќе има помалку простор за избегнување на работата на другите институции