Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека нема селективност при изборот на медиумите кои ги покриваат неговите посети во странство. Како што рече денеска на прес-конференција, изборот на медиумите кои патуваат со владините делегации се прави по принцип на ротација.
-Медиумите се повикуваат според систем на ротација. Нема никаква селективност, само принцип на ротација, со оглед на бројот луѓе кои може да бидат дел од делегација и да се покријат соодветно трошоците. Не е точно дека се викани исти медиуми. Можете да ги проверите податоците во Секторот за односи со јавност, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање врз основа на што се канат медиумите и зошто телевизија „Алфа“ речиси секогаш се одбегнува да биде поканета на настани на Владата.
Премиерот напомена дека при последната официјлна билатерална посета на Србија, „Алфа“ беше дел од медиумите.