МТСП: Димовски засекогаш ќе остане како борец за подобар работнички век и живот

20230611134609_big_730x400_36
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за труд и социјална политика, ресорната министерка Јованка Тренчевска и сите вработени изразуваат големо жалење за смртта на претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија, Дарко Димовски.

Како што соопшти МТСП, од 2017 година на неговото место како претседател своите денови ги помина во, како што се наведува, посветена борба за поголеми права на работниците.


– Човек кој секогаш имаше време да ги сослуша предизвиците на секој еден работник и човек кој гласно и храбро се бореше за решение. Засекогаш ќе остане во нашите срца како борец за подобар работнички век и живот. Активен партнер во социјалниот дијалог за подобрување на животот на сите граѓани во државата. Неговиот несебичен удел во општествениот живот, неговите заложби и неговите силни чекори и поддршка кон работниците никогаш нема да бидат заборавени, се вели во соопштението.  Министерството за труд и социјална политика изразува сочувство до неговите блиски.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на својот фејсбук-профил изрази сочувство по повод смртта на Димовски.

– Со жалење ја примив веста за згаснувањето на животот на претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Во мое име и име на Министерството за труд и социјална политика изразувам сочувство до блиските и семејството, напиша Тренчевска.

Дарко, како што наведува, ќе остане во нашите сеќавања како голем борец за работничките права и активен партнер во социјалниот дијалог за подобрување на животот на сите граѓани во нашата држава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK