Министерот Спасовски во посета на полициската станица и на локалната самоуправа во Виница

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, придружуван од заменик министерот Агим Нухиу и други соработници од МВР, попладнево беше во работна посета на Виница при што оствари средба со вработените во полициската станица, со градоначалникот Ивица Димитров и со членовите на општинскиот Совет и на Советот за превенција.

Командирот на виничката полиција, Љупчо Петров информираше дека во планираниот временски рок е завршена реконструкцијата на зградата на полициската станица за што беа инвестирани средства од буџетот на Министерството.

Во локалната самоуправа на Виница, пак, стана збор за безбедносната состојба во општината, како и за активностите за воспоставување подобра соработка меѓу локалните власти и полицијата.

– Објектот на Полициската станица во Виница имаше комплетна реконструкција на фасадата, столаријата и внатрешноста, што како активност е прв пат од 1972 година. Исто така, реконстрирн беше и помошниот објект во кој се сместени управните служби, а за сите градежни работи се потрошија околу 2,2 милиони денари. Со тоа значително се подобрени условите за работа на полициските службеници, но и за граѓаните кои ќе можат овде да си ги остваруваат своите права. Наша цел е да ги продолжиме активностите за воспоставување поблиска соработка со локалните власти и да ја јакнеме врската меѓу граѓаните и полицијата, затоа што само со взаемна доверба можеме да ја зголемиме безбедноста и во општините и на државно ниво, истакна минстерот Спасовски.

На средбата со членовите на Советот за превенција се разговараше за мерките за подобрување на безбедноста во сообраќајот и нови сообраќајни решенија во Виница, како и за унапредување на превенцијата во останатите области преку заеднички советодавни групи меѓу граѓаните и службите на полицијата.


Вести

Европски избори: Различни правила од земја до земја

Секоја држава членка на Европската унија сама ги одредува правилата за изборите за Европскиот парламент. Кој кога гласа ? Британците и Холанѓаните гласаат во четврток на 23 мај, Ирците на 24 мај, Летонците, Малтежаните и […]

Вести

Нови рочишта за „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“. Во „Триста“ обвинет е поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на […]

Вести

Пробни прелети за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“

Со два прелета во воздушниот простор на Република Северна Македонија изутринава од 7:30 до 9:30 часот ќе се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор). Прелетот ќе […]