Министерот Исмаили учестуваше на 8. Меѓународен културен форум во Санкт Петербург


Министерот за култура Хусни Исмаили во рамките на работната посета на Руската Федерација, вчера присуствуваше на свеченото затворање на 8. Меѓународен културен форум, кој од 14 до 16 ноември се одржа во Санкт Петербург.

Министерот Исмаили како дел од своето учество на Форумот, имаше обраќање на панел-дискусијата „Националните медиуми – телевизиите во словенските држави“, која се одржа во организација на Форумот на словенските култури кој годинава одбележува 15 години од своето основање. Исто така, министерот за култура пред присутните гости реферираше и на темата „Културните рути на словенскиот свет на мапата на Европа“.

Претходно, Исмаили одржа и работна средба со својот колега, министерот за култура на Руската Федерација, Владимир Медински, на која се разговараше за досегашната успешна соработка во делот на културата меѓу двете земји, но и за идните активности преку кои ќе се продлабочи пријателството помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација.

Санктпетербуршкиот културен форум претставува глобален културен настан на кој учествуваат илјадници експерти од сите области на културата од целиот свет, кои годинава дискутираа на тема „Културните кодови во светот на глобализацијата“.

Домаќини на настанот беа Владата на Руската Федерација, Министерството за култура на Руската Федерација и Владата на Санкт Петербург.

Бизнис

Избран победникот на ФинХакатон2

Маркетинг стратегијата за наградната игра МојДДВ#МојаНаграда во следните 12 месеци ќе ја реализира маркетинг агенцијата Меккен. Таа победи на ФинХакатонот2, што изминативе три дена се одвиваше во Министерството за финансии со цел да се избере […]

Вести

„Зелена револуција“: Нема потреба од средби додека не добиеме доказ дека Владата сериозно ја разбираат загриженоста на граѓаните

Нема потреба од средби додека не добиеме доказ дека Владата, Премиерот и министрите и другите надлежни од засегнатите институции, сериозно ја разбираат загриженоста на граѓаните околу загадувањето, порачуваат организаторите на петочниот марш за чист воздух […]

Вести

Новата Европска комисија денеска го почнува својот петгодишен мандат

Европската комисија во новиот состав, предводена од Урсула фон дер Лајен, денеска почнува со работа. Европската комисија е главно извршно тело на ЕУ, која по својот состав и функции наликува на влада. Наместо министри, составена […]