Маричиќ во Вашингтон на средби со О’Брајан, Ескобар и Брукс, теми на разговорите и уставните измени

maricik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска заминува за Соединетите Американски Држави, каде следните три дена ќе оствари повеќе билатерални средби со високи претставници на Стејт Департментот.

Маричиќ во Вашингтон ќе се сретне со американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар за Европа и Евро-Азија, Габриел Ескобар, со Робин Брукс, специјалниот советник за Европа на потпреседателката на САД, Камала Харис, Роб Ли, Директор на Канцеларијата за Европска Унија и регионални прашања при Стејт Департментот и амбасадорот Џим О’Брајан, Шеф на Одделот за координација на санкции при Стејт Департмент и именуван помошник Државен секретар за Европа и Евро-азија.


Како што најавува Кабинетот на вицепремиерот, на средбите се очекува да се разговара за уставните измени, севкупните реформи, со акцент на правосудството и борбата против корупцијата, актуелни теми од регионалната агенда и европската перспектива на Западен Балкан, како и за унапредување на соработката меѓу двете земји во областа на економијата и енергетиката.

Во рамки на посетата на Вашингтон, Маричиќ ќе учествува на Конференцијата организирана од невладина организација „Трансатлантската лидерска мрежа“, а посветена на Западен Балкан на тема: „Трансатлантска и регионална соработка – Изградба на цврсти партнерства“, како и на тркалезна маса, во организација на „Атлантскиот Совет“ со експерти/надворешни соработници кои работат на Западен Балкан.

Во делегацијата која ја предводи заменик претседателот на Владата, Маричиќ, се и министерот за економија, Крешник Бектеши, државната секретарка при Секретаријатот за европски прашања и заменик на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу Халили и директорот на АД Номагас, Бајрам Реџепи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK