Максим Димитриевски: Нема потреба да ми лепите етикети, имам само една, а тоа е граѓанин на Куманово, сегашен и иден градоначалник



ript>

Кривичната пријава против кумановскиот градоначалник пристигнала во ОЈО Куманово - МИА

Почитувани,


 

 

Во прилог испраќаме реакција од независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски за прес-конференцијата на СДСМ:

 

„Јас сум социјалдеморкрат и ќе останам социјалдемократ по убедување.

 

Можете колку сакате да измислувате, но фактите се дека „За наше Куманово“ е граѓанска опција, која ги обединува сите кумановци и работи исклучиво во нивен интерес.

 

Убеден сум дека во недела граѓаните ќе издвојуваат голема победа и ќе покажат пркос на притисоците кои не потсетуваат на режимот против којшто се боревме.

 

Немате потреба да ми лепите етикети, бидејќи имам само една етикета, а тоа е граѓанин на Куманово, сегашен и иден градоначалник на Куманово“.