Лога: Во најскоро време ќе биде избран новиот Јавен обвинител за врски од Република Mакедонија во ЕВРОПРАВДА

LOGA2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во најскоро време ќе бидат завршени потребните процедури за донесување на одлука за огласот за пријавување кандидати за Јавен обвинител за врски од Република  Македонија во ЕВРОПРАВДА кој сè уште е во тек, изјави министерот за правда, Кренар Лога, во своето обраќање на конференцијата за започнување на проектот на ЕВРОПРАВДА – „Подобрување на прекуграничната соработка во кривичната правда во Западен Балкан“ во Хаг.

Како што пренесуваат од Министерството за правда, министерот Лога посочил дека наскоро се очекува од страна на Јавниот обвинител на Република Македонија да бидеме известени за избраниот кандидат.


– Министерот Лога информираше дека е донесен и Правилник за начинот на соработката помеѓу Јавното обвинителство на Република  Македонија и Министерството за правда со ЕВРОПРАВДА. Поаѓајќи од потребата за овозможување поголема ефективност и ефикасност во работењето беше подготвен текстот на Правилникот со кој во најголем дел е уредена меѓу институционалната координација и координацијата со обвинителот за врска, пренесуваат од Министерството за правда.

Во своето обраќање, дополнуваат, министерот Лога кажал дека од исклучително значење за поефикасно справување со случаите на прекуграничен криминал е заложбата на  ЕВРОПРАВДА дополнително да се ангажира со партнерите од Западен Балкан во насока на јакнење на капацитетите на државите во справување со прекуграничниот криминал, преку обезбедување на оперативна и техничка помош и поддршка и поедноставување на спроведувањето на заеднички истраги.

– Исклучително важен сегмент од нашата стратешка соработка и партнерство претставува и обвинителот за врски од Република  Македонија во ЕВРОПРАВДА и оттука сакам да ја потенцирам и очигледната улога и активното учество во постигнување на досегашните резултати на актуелниот Обвинител за врски, Ленче Ристоска, истакнал министерот.

Според него, поставувањето на јавен обвинител за врски со постојан престој во Хаг ќе придонесе за видливо подобрување на резултатите во гонење на прекуграничен криминал но и за градење на националните капацитети.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK