Една недела по лидерската средба, а СДС уште нема став кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа.
Помина една недела, а балонот на СДС дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени под бугарски диктат издиша. Јасно се гледа безидејноста на кираџиите на ДУИ.
Наместо да ја препознаат шансата и подадената рака од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тие се однесуваат крајно недораснато во клучни моменти за државата.
СДС и Ковачевски мора да одговорат, кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќаат.
Првиот, кој значи преодна влада без ДУИ и одложена примена на уставните измени или вториот, кој значи брзи избори, а потоа барање на гаранции од Европската унија, финансиска поддршка за државата и барање Бугарија да имплементира барем 3 пресуди на Европскиот суд за човекови права за правата на Македонците.
Кој од овие два предлози за СДС и Ковачевски е прифатлив?
Ако СДС не ги прифати двете понуди од ВМРО-ДПМНЕ значи дека има скриени намери да преговара на сметка на идентитетот и ќе прифати нешто во тек на преговорите кое ќе го доуништи македонскиот идентитет.
СДС сега треба да ги покаже своите вистински намери.
Дали е заложник на ДУИ заради меѓусебни корупциски зделки?
Дали планира да го срози македонскиот идентитет менувајќи го Уставот сега и оставајќи простор во тек на преговорите со Европската унија, Бугарија да не’ блокира секогаш кога ќе посака и со тоа да ја принудува Македонија целосно да си го уништи сопствениот идентитет?
До: Средства за јавно информирање
Предмет: Интегрален текст од изјава за медиуми – Благица Ласовска, пратеник на
пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Датум: 14.06.2023
Јасно е се како бел ден.
СДС и Ковачевски не може вечно да се кријат и купуваат време.
Време е да одговорат.
Благица Ласовска, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ