Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучи дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица

kovacevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да одлучи дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица. Многу брзо ќе треба да одлучат дали ќе го фатат последниот воз и ќе се приклучат на проевропскиот блок кој неминовно оди и носи одлуки за приклучување на Северна Македонија во ЕУ, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по средбата со коалициските партнери.

– Во тој контекст и високиот претставник на САД Ексобар упати јасна порака. Опозицијата не треба да ми даде на мене поддршка. Треба да ја поддржи европската иднина на нашите граѓани, а нашите граѓани сакат да живеат во ЕУ ама да живеат тука – дома во Северна Македонија земја членка на ЕУ, рече Ковачевски.


Посочи дека денеска со коалициските партнери се сложиле дека заедничка цел е земјата да оди напред и да се движи со демократскиот и прогресивниот свет. Нашата цел, рече Ковачевски, е полноправно членство во ЕУ до 2030 година и во оваа цел не поддржуваат и нашите стратешки партнери.

– Денес кога е повеќе од кога било досега важно Европа да остане обединета целосна, слободна и во мир со нашите стратешки партнери се согласивме дека истото не е можно без интеграција на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан во европското семејство. Токму затоа евроатлантската интеграција на Северна Македонија и нејзиниот демократски развој, безбедност и стабилност се особено важни за нашите стратешки партнери САД, рече Ковачевски.

Повика на отвореност и политичка одговорност и ги повика сите партии и општествени чинители да се приклучат кон остварување на стратешките цели на државата.

– Опозицијата одбива да се вклучи и во Работната група за подготвување на уставните амандмани исто како што одбија и беа против сите важни процеси во државата. Но, сепак, ја повикувам на отвореност и политичка одговорност и ги повикувам сите партии и општествени чинители да се приклучат кон остварувањето на стратешките цели на државата. Заедно ги донесовме одлуките, заедно да ги донесеме одлуките и заедно да ја обезбедиме европската иднина, рече Ковачевски.

Продолжувањето на европскиот пат, според Ковачевски, е историска шанса која, како што рече, не е сигурен дека ќе ја добиеме повторно и која треба да се искористи сега и веднаш.

– Ние поминавме 11 години во барање на алтернативни начини за развој на државата и приклучување кон евроатланските интеграции. Тие 11 години на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека државата единствено заврши во ќор сокак и во изолација. Сега кога државата веќе има донесено низа  тешки одлуки, благодарение на оваа Влада, кога е членка на НАТО, кога претседава со ОБСЕ, кога сме земја признаена од целата меѓународна заедница како земја фактор на стабилност на Балканот, која од земја корисник на мировни мисии, стана земја во која што се водат мировни преговор,и шансата мора да ја искористиме, порача Ковачевски.

Полноправното членство во ЕУ до 2030 година, според Ковачевски, е амбициозна, но достижна цел.-  оваа владина коалиција е стабилна и силно обединета и ќе ја оствари таа цел, рече Ковачевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK