Костадиновска Стојчевска тврди дека не сторила кривично дело, Битиќи со поддршка: „И јас сум Бисера“


Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска тврди дека не неправила кривично дело со вчерашното доаѓање во Собранието, иако е во изолација поради КОВИД-19.


 

Костадиновска Стојчевска во вечерашното гостување на ТВ 24 истакна дека е асимтпоматска, дека за да присуствува во законодавниот дом добила одобрение од лекари и дека притоа ги испочитувала сите протоколи. Пристигнала, повтори, со приватно амбулантно возило кое сама го платила, а заедно со колегата пратеник кој исто така дојде во скафандер, се движеле низ посебни ходници и воопшто не влегле во собрабиската сала, туку гласале од посебни кабини.

Пратеничката најави дека ќе одговори на секоја кривична пријава, и од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица, но и дека ќе поднесе кривични пријави во однос на нивното работење. Ќе им ги испрати, дополни, и сите скринови од лажните профили од кои, како што рече, добивала закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство.

-Сакав да присуствувам на седницата зашто не се работи за мене или за Мицевски, туку за граѓаните кои го чекаат петтиот пакет мерки повеќе од два месеца. Нема кршење на ниту еден закон, не се движевме сами, бевме придружувани и одевме по сосема поинаков пат од другите пратеници. Не влеговме во собраниската сала,  бевме во посебни кабини. Не излегов во полициски час како Стоилковски да си купам бурек, туку во време кога ми беше дозволено од лекарски надзор. Не облеков скафандер за да се прошетам на корзо бо Битола, туку за да гласам и веднаш се вратив назад. Дојдовме по свое убедување, не бевем приморани. Избрани сме од народот и кога ќе почувствуваме дека сме во можност да пристсувуваме во СОоранието, ќе бидеме таму макар и под посебни протколи, објасни Костадиновска Стојчевска и додаде дека уште 24 часа е во самоизолација.

Според неа, колегите од опозицијата не го цитирале делот од Кривичниот законик кој вели дека ниту еден прекршок не е казнив со закон ако се работи за јавен интерес.

-Ќе одговорам на секоја кривична пријава, но и ќе возравтам со кривична пријкава до колегите од ВМРО-ДПМНЕ зашто доаѓаат на работа, а седат по канцеларии наместо да ја извршуваат работата, додека пратениците од Левица се појавуваат десет минути неделно на едно процедурално од кое прават театар и си одат, напомена Костадиновска Стојчевска.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој исто така гостува на ТВ 24, максимлано го поддржа вчерашното доаѓање на Костадиновска Стојчевска во Собранието со кус коментар – „И јас сум Бисера“.

-Два месеца бараме одговор и разумност од тие кои вчера рекоа дека ќе направат кворум. Каде беа два месеца? Знаете што значи на 60.000 семејства да им ускратите нешто елементарно, да им ги скратите парите што ги заработуваат?, рече Битиќи.

Мора да покажеме, подвлече, што значи владеење на правото, да креираме еднакви закони за сите, но ако некој своето самоволие го искажува кон 60.000 семејства, ние сме избрани од народот и мора да го преземеме ризикот во свои раце. Тоа е разликата меѓу разумни и неразумни, потенцира Битиќи.