Грковска: Нема подобра алатка за борба против корупција од транспарентноста и отчетноста

grkovska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска денеска одржа брифинг со новинари во однос на Планот за политики за добро владеење за оваа година.

Како најважни приоритети на институцијата се предлог законот за архивска дејност да биде подготвен за собраниска процедура до септември годинава, целосни подготовки за објавување на тендер за воведување електронски лични карти за сите македонски граѓани, да се унапреди свесноста за потребата од интегритет и професионално, одговорно и ефикасно работење меѓу носителите на јавни функции и јавните службеници во централната администрација, да се изготви нова стратегија и акциски план за транспарентност за 2023-2026 до јуни, да се поттикне сеопфатна дигитализација за ефикасно и професионално функционирање на институциите, да се изготват конкретни предлози за измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет, Законот за Советот на обвинители и Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, како и активно вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики итн.


Говорејќи за зголемувањето на транспарентност и отчетност на институциите, Грковска истакна дека нема подобра алатка за борба против корупција и зголемување на притисокот за ефикасно функционирање на институциите од транспарентноста и отчетноста.

-Треба да дојдеме до степен на потполна дигитализација на услугите, сите документи и податоци кои ги поседуваат институциите освен оние класифицирани да бидат објавувани јавно, вели Грковска.

Таа додаде дека имаат подготвено и упатство за транспарентност за ги навикнат институциите дека податоците што ги имаат им припаѓаат на граѓаните.

-Тоа е процес. Дадовме задолжение до сите институции да ни достават список кои се најбараните информации од страна на граѓаните во изминатите две години. Имавме одлична соработка со институциите, посочи Грковска, која додаде дека го координираат делот за нова стратегија за транспарентност јуни 2023 – јуни 2026, а до крај на јуни би требало да има драфт документ што подоцна ќе оди на јавна расправа.

Грковска се осврна и на подобрување на досегашната практика во судскиот систем.

-Имав остри реакции бидејќи состојбите во правосудниот систем се загрижувачки. Мора да се сменат законите за судски совет, за јавните обвинители…Треба да има посебни критериуми за избор, рече Грковска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK