Голем број истакнати членови на СДСМ застанаа зад Максим Димитриевски, основачот на СДСМ Куманово Миле Арсовски со порака: Го поддржувам Димитриевски затоа што покажа како се работи за сите граѓани



ript>

Вечерва, голем број истакнати членови на Социјалдемократскиот сојуз, како и дел од основачите на СДСМ Куманово Страшко Илиевски, Младен Славковски Маџо и Миле Арсовски застанаа со поддршка зад независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски и граѓанскиот концепт „За наше Куманово“.


 

 

„Го поддржувам Максим Димитриевски затоа што покажа како се работи за сите граѓани. Тој е социјалдемократ и секогаш се бори кумановци да живеат подобро. Вечерва, со моите партиски другари му ја дадовме поддршката затоа што ја заслужува. Му посакуваме многу успех во недела“, рече Миле Арсовски, еден од основачите на СДСМ Куманово.

 

На 31-ви октомври, во Куманово победуваат граѓаните! На 31-ви октомври во Куманово победува слободната мисла и идеја за подобра и похумана општина, за развојно и чисто Куманово.