Џафери: Добивме покана за 30-та членка на НАТО, продолжуваме со уште поголема посветеност кон членство во ЕУ


Скопје, 31 декември 2019

Почитувани граѓани, драги пријатели!

Еве сме на предвечерието на Новата 2020 година. И додека ги одбројуваме последните минути од 2019 која одминува правејќи рекапитулација на се низ што поминавме како држава, како општество, како Собрание и пред се како граѓани на Република Северна Македонија, морам да кажам дека сум задоволен и горд, но сепак и со доза на резерва.

Оваа година се оствари едната од нашите две стратешки цели, односно добивме покана да бидеме 30-та полноправна членка на НАТО Алијансата со што станавме дел од најмоќниот воен и политички сојуз што е гаранција за безбедноста на нашите граѓани и интегритетот на нашите граници. Морам да признаам дека да се биде рамо до рамо со најмоќните е убаво чувство.

Резервираноста ми е во однос на очекуваната, а не добиена покана за членство во ЕУ. Дали заслуживме покана? Секако дека да. И за тоа се согласуваат сите наши меѓународни пријатели. Дали ќе продолжиме во иста насока со уште поголема посветеност? Секако дека да, за да овозможиме функционални институции, владеење на правото за сите, почитување на правата и слободите за сите граѓани подеднакво и создавање можности за раст и развој на здрава, смела младина, која ги гледа работите право во очи и ги кажува така како што се, директно без заобиколување со јасна мисла и визија.

Во новата година не очекуваат нови можеби и непредвидени предизвици, меѓутоа верувам дека како и до сега заедно, мудро и со јасна зацртана цел ќе успееме да ги надминеме и постигнеме целите кои вие, почитувани граѓани, со право ги очекувате од нас.

Со желба за здравје, среќа и успех на сите полиња, дозволете да ви посакам Среќна нова година!

Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија


Вести

За непочитување на полицискиот час, 24 скопјани ги очекува 48 илјади евра казна

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози пред Основниот кривичен суд Скопје, против вкупно 24 лица кои не го почитувале полицискиот час, информираат од скопското Обвинителство. – Обвинетите, во различни кривично-правни […]

Бизнис

Баравме системски мерки за сите засегнати, а не делумна помош во криза

31, Март, 2020, Скопје – Сојузот на стопански комори се оградува од мерките објавени во вториот сет од страна на Владата, со појаснување дека од наша страна се бараа системски мерки за сите засегнати микро, […]

Вести

Владата со втор пакет мерки за граѓаните и фирмите за увлажување на последиците од Ковид-19

Финансиска поддршка за претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати за своите вработени во висина од 14.500 денари за месеците април и мај, кратење на платите за сите избрани и именувани функционери на ниво […]