Државни претпријатија се вклучуваат во поддршка на Делчево и Крива Паланка за справување со последиците од поплавите

Vlada
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државни претпријатија се вклучуваат во поддршка на општините Делчево и Крива Паланка за справување со последиците од поплавите, одлучи Владата на денешната седница.

Владата со донесената одлука за постојната кризна состојба заради поплави на дел од територијата на Република Северна Македонија, односно на подрачјата на Општина Делчево и Општина Крива Паланка се вклучува во поддршката на општините во справувањето со последиците од поплавите, се наведува во соопштението од владината прес-служба.


Целта е, како што е посочено во соопштението, јавните државни претпријатија, пред сѐ Јавното препријатие за државни патишта на Република Северна Македонија и Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта да се вклучат со помош на општините во мерките и активностите за санација на последиците од поплавите. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK