До крајот на годинава ќе се подигнат четири модуларни бопници, најави Филипче


Четири модуларни болници до крајот на годинава ќе добијат Куманово, Струмица, Гевгелија и Струга каде ситуацијата е приоритетна за зголемување на болничките капацитети за лекување на пациентите од Ковид-19, изјави министерот за здравство Венко Филипче денеска во Прилеп каде се проценуваше епидемиолошкјата состојба во градот и е констатирано дека досегашните мерки се доволни за справување со ситуацијата, а болницата одлично функционира.



Според Филипче монтирањето на модуларните болници почнува овој месец, а треба да заврши до крајот на годинава. Приоритет имаат Куманово и Струмица, а потоа и Гевгелија и Струга.

– Монтирањето на модуларните болници почнува во текот на овој месец и ако се одвива планот, до Нова Година веќе треба да има поставено четири модулари болници. Најкритични, во поглед на капацитетот се Куманово и Струмица и таму е даден приоритет, изјави Филипче.

Државата, како што вели, има повеќе од доволно брзи тестови. Со донациите на располагање се преку 100 илјади.

– Брзите се прават кај симптоматските случаи во првите пет дена кои даваат јасна индикација. Брзи тестови имаме повеќе од доволно. Досега како донација се стигнати 20 илјади тестови, а 13 илјади се веќе поделени. Вчера добивме голема донација од 13 илјади брзи тестови од норвешкото Министерство за одбрана, а тука се и нашата и поставката на Светската банка за набавка. Така што имаме над 100 илјади брзи тестови и тоа не е доведено во прашање, рече Филипче.

Министерот за здравство воопшто не го оправдува тоа што се случува пред Ситимол со турканиците, но конкретно не одговори дали треба да се вклучи Армијата за правење ред. Припадниците се вклучени пред здравствените институции и има ефект.

– Воопшто не го оправдувам она што го видов и јас, мешаниците во Сити-моловите. Мора да се почитуваат мерките. Затоа е забрането групирањето. Инаку, распоредувањето на припадниците на Армијата со кризната состојба е овозможено пред здравствените институции. А таму има ефект, изјави Филипче опдговарајќи на новинарско прашање за турканиците викендот.

Филипче е категоричен дека има доволно бесплатни вакцини против сезонскиот грип во сите градови. Направен е распоред за наредните недели

– Бесплатни вакцини против сезонскиот грип ќе има за сите градови. Направен е распоредот за следните недели. Како што се исцрпуваат термините за закажување следуваат нови, рече Филипче при денешната посета на Прилеп.