Димковски од Неготино: Нови 4 капитални инвестиции за системи за наводнување со кои се покриваат нови 30.000 хектари под наводнување


Неготино, 30 ноември 2019

Продолжуваме да го унапредуваме и модернизираме земјоделството. Водиме грижа за проблемите на земјоделците. Со  нови 4 капитални инвестиции во  Пепелиште,Јужно -вардарската долина трета фаза,  Лисиче и браната Конско ќе се покријат 30.000 хектари под наводнување за да се избегнат климатски промени како суша кои влијаат на производството, истакна членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, водостопанство и шумарство, Трајан Димковски на трибина во Неготино.

Димковски потенцираше дека денес под системи за наводнување според договорите и информациите од АД Водостопанство имаме 28.000 хектари.

Можеме да констатираме дека за само 4 години ќе ги зголемиме двојно површините за наводнување, додаде Димковски

Овие инвестиции ќе овозможат брз развој и економски просперитет на земјоделските региони, заклучи Димковски.

СДСМ


Вести

Нови 594 случаи на КОВИД-19, оздравени 162, починати три лица

Во последните 24 часа се направени 2.617 тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи на КОВИД-19 од кои најголем дел во Скопје, 303. Оздравени се 162 пациенти, а починати се три лица. Како што соопшти […]

Вести

Словачка ќе ги тестира сите граѓани постари од 10 години

Словачка планира да ги тестира сите граѓани на возраст над 10 години за коронавирусот во следните два викенда, соопшти премиерот Игор Матович на денешната прес-конференција, додавајќи дека тоа е проект кој владата го подготвувала последните три недели. Сè […]

Вести

Историчарите со мали поместувања напред, но засега без договор за Гоце Делчев, Заев верува во решение преку взаемно почитување

– По два дена разговори во Скопје македонските и бугарските историчари не постигнаа напредок во однос на Гоце Делчев, кој и понатаму останува пречка на сопнување. Има нови предлози и идеи за кои засега не […]