Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Миле Зечевиќ – Вардарски, претседателот на СДММ Марко Михаилоски и пратеничката Фаница Николоска, како и делегација на ОО СДСМ Тетово, во месноста Карпалак, пред спомен плочата оддадоа почит и положија свежо цвеќе по повод 22 годишнината од загинувањето на десетте припадници на македонските безбедносни сили.
На тој трагичен ден, животот го загубија: Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердван Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски. Вечна им слава!