Царовска: Вложувањето во менталното здравје на учениците е вложување во иднината на државата


Вложувањето во менталното здравје на учениците е значајно не само за денес, значајно е за иднината на државата, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостувањето во емисијата “Објектив” на Националната телевизија.

Ако ние изградиме силни личности коишто имаат стабилна психолошка состојба, потенцира министерката, тогаш ќе очекуваме дека понатаму државата ќе ја водат истите тие изградени и стабилни личности.

-Училиштето не е само зграда, не е само простор што е на општината, училиштето е место кадешто создаваме граѓани кои понатаму ќе ја водат државата, рече Царовска.

Според неа, како општество не водиме голема грижа за ментално здравје, и тоа, нагласи, треба да се промени.

-Тоа ќе го видите во дадени моменти кога се зборува за насилство, исклучиво се зборува дека станува збор за насилство во домот, па ние имаме борба да докажеме дека насилството не смее да се случува на ниедно место. Имате цели институции кои не постапуваат во моменти на насилство, што укажува за системска негрижа за менталното здравје, како да тоа не е дел од целото здравје или од целосната благосостојба. Тој дискурс полека го менуваме, рече Царовска


Вести

Собранието ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд

Собранието на Република Северна Македонија попладнево на продолжение  на 20. седница со 61 глас „за“ ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд. Претресот за предлогот Кацарска да биде избрана за  судија на Уставениот […]

ВМРО-ДПМНЕ: На денот од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет - МИА
Вести

Протест сега, за да не биде предоцна – повик за достоинствен начин да се спротивставиме на пазарџиската и анационална политика на Заев

Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани, без разлика на етничката, верската или политичката припадност да земат учество во сенародниот и надпартиски протест за заштита на националните црвени линии кои се последниот бедем на македонскиот идентитет […]

Електронски креираните рецепти се достапни во сите аптека низ државата - МИА
Вести

ЕУ со намера да ги намали цените на лековите

Новата европска фармацевтска стратегија ќе овозможи намалување на цената на лековите и враќање на фармацевтското производство во Европа. Тоа го нагласи хрватскиот европратеник Томислав Сокол повикувајќи на заедничка европска набавка на лекови, јави Хина. Европратениците […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*