Богоев на средба со националните координатори за Отворен Балкан, Забрчанец и Исмајлоска Старова

Bogoev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Активностите кои ги спроведува Царинската управа во рамки на регионалната иницијатива Отворен Балкан, особено за актуелните инфраструктурни зафати на граничниот премин Табановце кои се преземаат координирано со Владата, и во моментов се во завршна фаза, беа тема на дискусија на денешната средба на директорот на Царинска управа Стефан Богоев со националните координатори за Отворен Балкан, Марјан Забрчанец и Нола Исмајлоска Старова.

-Отворен Балкан веќе дава резултати за граѓаните и за бизнис заедницата, во делот на царинското работење има за цел олеснување на увозот, извозот и забрзување на движењето на стоките, а она што е многу важнo е тоа што реализација на овие активности се врши координирано на високо владино ниво, што овозможува да се реализираат со забрзана динамика, истакна Богоев.


Инфраструктурните активности на Табановце, информираат од Царинската управа, се реализираат врз основа на заклучоците од Меморандумот за мерки за унапредување на движењето на луѓе и стоки преку границите, потпишан од Владите на Република Северна Македонија и Република Србија во март оваа година.

Во рамки на Отворен Балкан, во периодот што следи ќе започне да се применува и мерката за признавање на потврдите за мерење на вага или т.н. „кантарски белешки“ на товарните возила помеѓу Царинските управи на Република Северна Македонија и Република Србија, што ќе значи дека нема да мора повторно да се мерат при влез во една од двете држави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK