Богоев – Ивановска: Борбата против корупција значи поголеми приливи во Буџетот и подобри услуги за граѓаните

Богоев
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Борбата против корупција ќе обезбеди поголеми приливи на јавни приходи и подобрување на услугите кон граѓаните. Ова денеска го истакнал директорот на Царинската управа Стефан Богоев на средбата со претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.

Царинската управа информира дека како поважни мерки кои се спроведуваат во моментов се евидентирање на анкетни листови и изјави за интереси согласно одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. Дигитализацијата на царинското работење, како што наведуваат, дополнително овозможува поголема контрола на процесите.


– Намалувањето на коруптивните појави ќе ја зголеми довербата во институциите, а тоа ќе резултира со намалување на сивата економија и ќе овозможи придобивки на сите нивоа, како за граѓаните, така и за подобро позиционирање на нашата држава во процесот на интеграција кон ЕУ, истакнал Богоев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK