Бочварски: Забрзано се гради автопатот Кичево-Охрид, за овој проект успеавме да заштедиме 95 милиони евра


Бочварски бара кадар за јакнење на оперативата за капитални инвестиции - МИА

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во емисијата 24 Анализа на ТВ 24, рече дека автопатот Кичево-Охрид е еден од проблематичните наследени проекти, за кој немало проекти за клучки и имало куп недоследности, како неутврдувањето косини, градење без геомеханички испитувања, како и правење тунел кај што не треба да има.


 

Сега, вели, сите проблеми се отстранети, завршени се сите проекти за осум клучки.

-Дваесет и пет отсто од трасата беше репроектирана и во вториот квартал од оваа година е регистриран сериозен прогрес на автопатот Кичево-Охрид, таму на терен работат 820-850 работници и 470 градежни машини секој ден, истакна Бочварски.

Тој додаде дека се намалени трошоците за изградба на овој патен правец, од оние што во четири очи ги договараа Миле Јанакиески и Никола Груевски, за што слушнаа сите граѓани.

-Заштедата на Владата на СДСМ за автопатот Кичево-Охрид е до 95 милиони евра, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.