Бектеши денеска на неформален министерски состанок на Енергетска заедница во Тепелена, Албанија

bekteshi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува на неформалниот министерски состанок на Енергетска заедница, што ќе се одржи во Тепелена, Република Албанија.

Со состанокот, како што соопштија од Министерството за економија, ќе преседава Белинда Балуку, вицепремиер на Албанија, која е земја преседавач со Енергетска заедница за 2023 година.


Најавено е дека на состанокот ќе се дискутира за повеќе теми од енергетиката, кои се опфатени со Договорот за основање на Енергетската заедница.

Министерите на земјите членки на Енергетската заедница на состанокот ќе ја разгледуваат и имплементацијата на патоказот за декарбонизација на Енергетската заедница, а ќе дебатираат и за подготвеноста на енергетските системи и чекори кои ќе се преземат од земјите членки за престојната зима.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK