Алиу: Ќе инсистирам законот за медиуми да го подобри медиумскиот амбиент

aliu
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Работна група наскоро ќе почне да работи на закон за медиуми, кој ќе создаде правна рамка за порталите и електронските медиумите во земјата, со што ќе ја промовираме транспарентноста, ќе ја заштитиме слободата на изразување и ќе го поттикнеме одговорното новинарство за зајакнување на темелите на едно демократско општество, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, при отчетот за првите 100 дена од работата на неговиот кабинет.

Осврнувајќи се реформите во медиумските услуги, Алиу посочи дека очекува да бидат изгласани предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски слуги (АВМУ) што се во собраниска процедура, како и дека следните законски интервенции во оваа област ќе бидат во согласност со ЕУ директивите и за подобрување на состојбата во медиумиот сектор.


-Дигитализацијата, јавната администрација и медиумите се многу важни за подобрување на демократскиот амбиент во земјата, затоа ќе инсистирам тој закон да го подобри медиумскиот простор, не да го влоши, рече Алиу.

Измените на Законот во првата фаза, се поврзани со пристапот до фондовите од Креативна Европа, а наскоро, како што најави, ќе се заврши и вториот дел со кој ќе се создаде правна рамка за приватните медиуми во нашата земја.

– Законот се подели во две фази заради Креативна Европа, се надевам дека за три, четири дена ќе биде изгласан. Втората фаза на која се рабти пет години, се работи како никогаш досега, се отворивме кон сите кои се директно или индиректно вклучени во овој еко систем на медиумите. Денеска имам состанок со локалните медиуми. При крај е, работиме заедно со Канцеларијата на ЕУ во Македонија, со домашни и меѓународни експерти и ценам дека на крај ќе имаме закон во којшто ние првично како граѓани ќе бидеме задоволни од транспарентноста на јавните институции на политичарите и на менаџерите во јавните институции, но исто така ќе бидеме реални информирани од аспект на процеси што се случуваат во нашето општество, рече Алиу на новинарско прашање.

Процесот, посочи, е отворен од првиот ден кога сум министер во МИОА. Приоритет тогаш ни беше само првата фаза, додека веќе месец и половина работиме во втората фаза. Се уште не можам да кажам кој од улесницте е задоволен, помалку задоволен или воопшто не е задоволен бидејќи процесот е во тек и се надевам и работиме на тоа на крај да имаме законска рамка каде што сите ќе бидат задоволни. Целта ќе биде да имаме оптимален и прифатлив закон каде што никој нема да биде многу незадоволен, да биде прифатлив законот, рече Алиу.

Тој вели дека ќе го одобри законот откако од експертите ќе биде убеден дека е во согласност со ЕУ директивите и ќе го подобри, како што рече, еко системот на медиумите.

-Дигитализацијата, јавната администрација и медиумите се многу важни за подобрување на демократскиот амбиент во земјата, затоа ќе инсистирам тој закон да го подобри медиумскиот простор, не да го влоши, рече Алиу.

Во отчетот за сработеното во првите 100 дена од неговата министерска работа Алиу истакна дека се посветени на поттикнувањето на слободни медиуми кои му служат на највисокиот јавен интерес, промовираат транспарентност и ја поддржуваат отчетноста на секое ниво. За да го постигнеме ова, посочи, го започнавме процесот на реформирање на законите за медиуми, усогласувајќи ги со законодавството на Европската Унија.

-Овие 100 дена беа доказ за нашата колективна одлучност и истрајност, ги достигнавме исклучителните точки во потрагата по транспарентност, дигитализација и административни реформи. Свесни сме дека граѓаните очекуваат уште повеќе од нас. 100 дена се премалку за исполнување на сите очекувања. Но, првото очекување, од потребата за влада на народот, со народот и за народот е исполнето, рече Алиу.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK