Владо Бучковски во одбрана на Зоран Заев


Поранешниот премиер Владо Бучковски во изјава за НОВА во врска со серијата реакции на интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, вели дека не е во ред некој да биде „обвинет“ за распродажба на историјата кога во исто време, како што истакнува, искрено се бори за нашата европска иднина.



– Македонија ја доживува својата катарза. Мене ми е ова Deja Vu. Jас се обидов во 2006-тата по средбата со бугарскиот премиер Станишев да проговорам за нашата заедничка иднина во ЕУ, врз основа на нашата заедничка историја и изразивме подготвеност за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј и Илинденското востание, истакнува Бучковски во изјавата.

Тој нагласува дека пред 14 години бил дочекан на нож од дел од медиумите, а сега 14 години подоцна друг премиер е „обвинет“ за распродажба на нашата историја.

-Зошто? Затоа што, според мене, искрено се бори, од петни жили, за нашата европска иднина, истакнува Бучковски во изјавата.