Владиниот план 3-6-9 доживеа дебакл.


Владиниот план 3-6-9 доживеа дебакл. СДСМ нема капацитет да ги спроведе реформите за кои презеде обврска. Затоа на овој начин, во сабота, преку соопштение кое нема ниту еден конкретен податок, објавуваат дека поминале деветте месеци и наводно го заокружиле планот.

Да беше така, барем еден функционер ќе се појавеше и ќе објаснеше точка по точка, што се било реализирано. СДСМ организираше спектакли кога ја чистеа владината гаража или кога промовираа поместување на автобуска постојка, а сега ги нема да се појават за реформи кои се суштински за државата.

Министерството за правда втора недела е без прв човек и најголемата трагедија е во тоа што работите се движат исто како и кога имаше министер. Стагнираат.

Премиерот Зоран Заев пред неполни недела дена го формираше Советот за реформи во правосудството, на истекот на деветтиот месец. Проблемот е во тоа што работите функционираат исто, како и без Совет или пак со првиот кој беше формиран па расформиран. Стагнираат.

Власта излезе со некако предлог за реформи во безбедносно-разузнавачките служби, но подобро да не излезеше. Наместо реформи се нудеше враќање во 1949 година.

Се најавуваше борба против корупција, а Македонија потона на дното на листата на Транспаренси. Никој не знае кои се двајцата функционери за кои се водеше истрага за корупција, а граѓаните беа сведоци на изјава на бизнисмен кој пред судот потврди на кој начин се барал поткупот во Струмица.

Владата лаже дека планот е заокружен и дека е реализиран, а наназад 9 месеци гледаме се само не конкретни проекти и реформи.

Изминативе 9 месеци сведоци сме на уценети судии, заробено правосудство, партизирање на јавната администрација, уценети медиуми, силување на демократијата. Државата тоне во корупција и криминал и никаков напредок во безбедносно-разузнавачките служби.

Сведоци сме на корумпирани соработници на министри, нерасчистени убиства, партиски вработувања, монтирани политички судски случаи, неуставно носење на закони и грубо кршење на Уставот на државата.

СДСМ како ураган ги уништија институциите и државата. Само за да се задржи на власт дава приоритет на закони кои не се дел од реформската агенда. Ова не е констатација само на домашната туку и на меѓународната јавност.

Очигледно е дека СДСМ нема капацитет да ги спроведе реформските процеси во Република Македонија. СДСМ имаа 9 месеци да ги спроведат реформите, но тие не се ниту до половина со степенот на реализација.

СДСМ и нанесе огромна штета на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ има јасна визија и план за реформските процеси кои ќе ја застанат државата на здрави нозе веднаш по доаѓањето на власт.


Вести

Расте бројот на инфицирани со Ковид-19, но засега нема поригорозно ограничување на движењето на граѓаните

– Во деноноќието меѓу 30 и 31 март се потврдени 44 нови случаи на инфицирани со коронавирусот, со што бројот на вкупно заболени досега достигна 329, од кои 12 се излекувани, а деветмина починаа. Властите […]

Вести

Минимална плата и дополнителни кредити за приватниот сектор за зачувување на работните места и ликвидност

– Финансиска поддршка за претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати за своите вработени во висина од 14.500 денари за месеците април и мај, кратење на платите за сите избрани и именувани функционери на […]

Вести

За непочитување на полицискиот час, 24 скопјани ги очекува 48 илјади евра казна

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози пред Основниот кривичен суд Скопје, против вкупно 24 лица кои не го почитувале полицискиот час, информираат од скопското Обвинителство. – Обвинетите, во различни кривично-правни […]