Владата со сменет Деловник за работа, ако има потреба ќе одржува итни седници


– Во случај на итна и неодложна потреба за одржување седница на Владата, претседателот може да ја отвори и води седницата со употреба на комуникациски средства (телефон или конференциска врска со употреба на интернет комуникација и софтверски алатки).

Ова е една од одредбите на изменетиот и дополнет Деловник за работа на Владата, донесен на вчерашната седница.

Промената на владиниот Деловник за работа предвидува и, ако има итна и неодложна потреба, колегиум да одржат државните секретари.

-Генералниот секретар може да го отвори и води колегиумот со употреба на комуникациски средства (телефон или конференциска врска со употреба на интернет комуникација и софтверски алатки), наведува владината прес-служба.

Согласно измените, во случај на итна и неодложна потреба за одржување седница на работните тела на Владата, претседателот на работното тело може да ја отвори и води седницата со употреба на комуникациски средства (телефон или конференциска врска со употреба на интернет комуникација и софтверски алатки).


Втор ден собраниска расправа за заменици на министри во Владата - МИА
Вести

Поднесени амандмани на измените на Законот за заштита од заразни болести

– Пратеници од власта и од опозицијата поднесоа амандамни на измените и дополнувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести, што започнаа да се разгледуваат на матичната Комисија за здравство. Амандмани имаат поднесено […]

Вести

Објавени конкурсите за ученички стипендии, воведени нови категории за техничките струки

– Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од вчера започна аплицирањето за стекнување на правото на ученичка стипендија во учебната 2020/2021 година. Конкурсите се објавени на интернет страницата на МОН, а крајниот рок […]

Вести

Загадувањето во Скопје над дозволеното, вечерните и ноќните часови најкритични

– Ноќните часови за жителите на Скопје се ризични за излегување надвор поради загадениот воздух кој го регистрираат мерните станици на Министерството за животна средина. Но, над дозволеното се и среднодневните концетрации на ПМ 10 […]