Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ да одговори зошто го закочи процесот за обештетувања

ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто со години ги малтеретираше и потценуваше земјоделците и го погазуваше нивниот труд, продолжува со лицемерието кон оваа категорија граѓани.

Ако ВМРО-ДПМНЕ толку се грижи за земјоделците, тогаш наместо празни обвинувања, треба да одговори зошто обештетувањата од елементарните непогоди во 2016 година ги процесуираа по погрешен закон, по Закон за заштита и спасување, којшто не е во надлежност на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство,  наместо по Закон за земјоделство и рурален развој и на тој начин го закочија целиот процес.

За разлика од таквиот лицемерен однос кон земјоделците од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ донесе Акциски план, со што се деблокира целиот процес, а барањата, по Законот за земјоделство и рурален развој, ги презема МЗШВ. Според јавно достапните информации, за обештетувањата за 2017 година се вршат пресметки и се подготвуваат списоци со цел да бидат опфатени сите земјоделци кои претрпеле загуби од временските непогоди што се случиле во 2017 година, а исплатите ќе започнат многу скоро.

ВМРО-ДПМНЕ треба да сфати дека времето на притисоци, манипулации и понижувања на земјоделците заврши со нивното заминување во опозиција. Владата предводена од СДСМ и надлежните државни институции градат партнерство со земјоделците и активно работат на развој и унапредување на земјоделството.

Вести

Русија го призна новото уставно име

Русија ја призна денеска нашата држава под новото уставно име – Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација. Во соопштението од руското МНР се нагласува дека на 18 февруари во руската […]

Вести

Најмалку тројца загинати и деветмина повредени при нападот во Утрехт

Градоначалникот на Утрехт, Јан ван Занен изјави дека при нападот во трамвајот загинале три лица, а деветмина се повредени. Претходно, холандската полиција соопшти дека главен осомничен за нападот е 37-годишниот Ѓукман Танис, роден во Турција. […]

Вести

Поповски: За потребите за набавки во УБК бевме известувани писмено и усно

Договорите, барањето за понуда, и сертификатите за краен корисник со правното лице „Финзи” за набавка на опрема за УБК се подготвени од Комисијата за јавни набавки и службата во МВР, истакна денеска поранешниот помошник министер […]

Вести

Концентрација на моќ кај премиерот, главна забелешка за предлог-законите за АНБ и за координација на безбедносно разузнавачката заедница

Преголема акумулација и концентрација на моќ во рацете на премиерот, кој ќе претседава со Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, а ќе го предлага и директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), отсутноста на Претседателот на […]

Вести

Мицковиќ добивал закани да не сведочи за случајот „Маџар телеком“

Професорот на Правниот факултет Дејан Мицковиќ, кој од 2004 до 2006 година бил претседател на Бордот на директори во „Македонски телеком“, на денешното рочиште во Скопје за случајот „Маџар телеком“ рече дека уште пред неговото […]

Бизнис

Поскапуваат бензините, пониска цена на дизелот

Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари, а Еуросупер БС-98 за денар, додека цената на дизелот  и на екстра лесното масло за домаќинствата се намалува за половина денар, одлучи денеска […]

Балкан

(ВИДЕО) Новата албанска туристичка реклама предизвикува контроверзи на интернет

Новата на туристичка кампања на албската држава предизвика одредени негативни реакции на интернет. Со слоганот „Be taken by Albania“ (Бидете обземени од Албанија) и обраќање до холивудскиот глумец Лијам Нисон во рекламниот спот се прави намерна […]

Интересно

Шарлот Кирк: Добивав улоги преку кревет, оти така сакав

Британската глумица Шарлот Кирк признава дека добила повеќе улоги „преку кревет“, но затоа што таа така сакала. Џејмс Пакер, милијардер и поранешнo мoмчe на Мараја Кери, во една прилика ѝ испратил на Шарлот СМС порака со […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*