Владата ќе разгледува закони од финансиската и економската сфера


– Измените и дополнувањата на законите за вршење сметководствени работи, за едношалтерски систем и за Македонската банка за поддршка на развојот, се само некои од точките што ќе ги разгледа Владата на денешната редовна 25 седница.



Како што соопшти владината прес-служба, на седницата ќе се утврдува и Предлог-законот за развој, производство и промет на воени стоки, а ќе биде разгледана и Информацијата за спроведување на Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија 2019 – 2023 година.

На усвојување ќе биде ставена и Предлог-програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2020 година.

Предвидено е седницата да се одржи во 12:00 часот, преку видео-конференциска врска, а за заклучоците и одлуките Владата ќе информира со соопштение.