Владата ќе ја одржи 113-тата седница



ript>

– Владата денеска ќе ја одржи 113-тата редовна седница, на која ќе го разгледа Извештајот за завршените преговори за склучување Спогодба за дополнување на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.


 

Како што соопшти владината прес-служба, на дневен ред на седницата се повеќе информации и извештаи за планирани и реализирани проекти на одделните министерства.

Владината седница ќе почне во 12 часот, а за заклучоците и одлуките јавноста ќе биде информирана со соопштение по нејзиното завршување.