Владата ја разреши комисијата за проценка на штетите од невремето Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе




Владата денеска изрази несогласување со Збирниот извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините: Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од елементарни непогоди.

Владата донесе одлука членовите на Комисијата да бидат разрешени од членството во неа заради неефикасно и несоодветно решавање на предмети од суштинско значење за граѓаните и мандатот на Комисијата.

Нови членови на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од елементарни непогоди ќе бидат именувани на една од наредните седници на Владата, со обврска да достават ревидиран Збирен извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините: Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе.


Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*