Влада: Денеска поднесени 114 кривични и 451 прекршочна пријава


Влада: Денеска поднесени 114 кривични и 451 прекршочна пријава - МИА

Скопје, 5 јуни 2020 () – Во текот на денот поднесени се 114 кривични пријави за дела со кои се овозможува пренесување заразна болест и 451 прекршочна пријава за неносење на лична заштитна опрема, информира вечерва Владата.

Во соопштението во кое владината пресслужба информира за заклучоците од владината седница се наведува дека припадниците на МВР во текот на денот извршиле контроли и на лицата кои се во самоизолација и дека во текот на наредните два дена ќе биде зголемен бројот на припадниците на МВР на терен, особено во градовите кои се туристички дестинации во земјата.

Во текот на денешниот ден од страна на Државниот пазарен инспекторат биле поднесени четири кривични пријави по членовите 205 и 206 од Кривичниот законик кои се однесуваат на дела со кои се овозможува пренесување заразна болест. Две од пријавите се поднесени во Дојран, една во Струмица и една во Битола. Државниот пазарен инспекторат денеска поднел и 12 прекршочни пријави.

Во текот на денот, Државниот трудов инспекторат во координација со полицијата, направил засилени контроли на подрачјето на Штип каде важи забраната за работа на текстилните и кожарските фабрики за време на продолжениот викенд. Од надзорите е утврдено дека компаниите од овие две дејности целосно ја почитувале забраната, а со засилени контроли инспекторите на Трудовиот инспекторат проверувале во производствените капацитети низ државата дали се почитуваат протоколите за заштита на работниците.

–  Владата ги задолжи полицијата и инспекциските служби да продолжат со засилени контроли и да ги санкционираат сите прекршувања на мерките за спречување на ширењето коронавирусот и за заштита на здравјето на граѓаните од КОВИД-19, се наведува во соопштението од владината прес-служба.


Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита

Скопје, 4 јули 2020 () – Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. […]