(Видео) Стоилковски: Наместо брана и жичара, Бочварски во Штип изгради приватна  зграда


Зад мене е препораката за Благој Бочварски да стане нов министер за транспорт и врски во Македонија. Во тригодишниот мандат оваа приватна зграда зад мене е единствениот објект кој што Бочварски го изгради во Штип.

Ја нема браната на Отиња, ја нема жичницата, нема гасификација, нема реализирани ниту еден капитален проект во Штип, ама затоа има приватен станбен комплекс.

Од оваа единствена градба на Бочварски, наместо Штип и Штипјани, корист доби само семејството на Бочварски. Имено, реализатори на оваа станбена зграда се токму семејните фирми на Бочварски.

По теркот на феудалецот Заев, за Бочварски е природно е семејните компании – „Пелагонија Инжинеринг“ и „Техноинвест“, да бидат вклучени во најголемиот дел од тендерите на локалните институции, да бидат изведувачи и подизведувачи на секој втор урбанистички зафат во општината.

Цели  три години  Бочварски наместо за Штип се грижеше за тендерите и семејните бизниси. А можеше да реализира барем едно од ветувањата. Нaместо тоа на штипјани во сеќавање им ја остави оваа стамбена зграда и постерот за изградени 1000 метри асфалт.

Пoчитувани доаѓа време кога наместо семејните бизниси, Штип повторно ќе биде во фокусот на локалните власти.


141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Вести

Од следната недела најавени нови термини за тестирање, вчера регистрирани 518 заболени од Ковид-19

– Петстотини и осумнаесет нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера во земјава. Раст на новозаболените изминатиот период е забележан во целиот регион, но и во Европа. За првпат на континентот завчера беа евидентирани […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*