ВИДЕО обраќање од Премиерот Заев: Македонија – земја на сите наши граѓани, тоа е патоказ за нашата иднина



ript>

 


 

Законот за употреба на јазиците е сериозен придонес во градењето на концептот „Едно општество за сите граѓани“. Оваа наша и европска вредност, ја доби поддршката од мнозинството граѓани на последните парламентарни, но и на локалните избори.

Се определивме за политики што ја градат Република Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници.

Овој закон е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5, донесени пред 17 години. Никој не е и не може да биде над Уставот.

Време е сите ние, политичарите, да ја преземеме одговорноста што им ја ветивме на граѓаните и да ги заокружиме реформските процеси во Република Македонија.

Време е за реформи и за економија, време е за развој на Македонија, во интерес на сите граѓани.