(Видео) Митрески: Пратениците да го поддржат ребалансот на Буџетот, тој обезбедува поддршка од 470 милиони евра за граѓаните и економија




„Денеска пред пратениците се измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година.Со овој ребаланс, се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на четвртиот пакет мерки за справување со економските последици од коронакризата.Преку овој пакет мерки, 70 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на 83.000 работни места, односно ќе се субвенционираат вкупно 250.000 плати за месеците октомври, ноември и декември“, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Според енго, овој пат, поддршката за исплата на плати ќе биде скалеста и ќе се движи од 14.500 до максимални 21.776 денари месечно, согласно падот на прометот на компаниите кои аплицираат за финансиска помош.

„Со 27,6 милиони евра ќе се помогнат 283.000 граѓани кои ќе добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари. Домашни платежни картички ќе добијат пензионери со пензии до 15.000 денари, самохрани родители, невработени лица, како и лица над 64 години а кои немаат социјална пензија ниту други приходи.Покрај овие, четвриот пакет содржи уште дваесеттина мерки преку кои обезбедуваме силна поддршка за компаниите преку поволни кредити, грантови, но и даночни олеснувања за брзо опоравување на секторите кои се најмногу погодени.Со ребалансот се поддржуваат и важни проекти на локално нови низ речиси сите општини.

Од почетокот на кризата, Владата, надлежните институции покажуваат вистинска грижа за граѓаните кои се најмногу погодени. Тоа продолжува и со овој ребаланс, со овој пакет економски мерки.Во период кога целиот свет се соочува со економска криза, важна е навремената и ефикасна помош во справување со последиците.Затоа, ги повикувам сите пратеници, да покажат одговорност, конструктивност и ребалансот на Буџетот да биде донесен. Да им помогнеме на нашите сограѓани, да и помогнеме на нашата, македонска економија“, додаде тој.


Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*