– Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска во Битола ќе изврши увид на градежните работи на новиот мост на реката Драгор, за кој беа одвоени над 815 илјади евра од ТАВ програмата.
Битиќи, како што соопштија од Владата, престојува во Пелагонискиот регион каде посетува компании поддржани преку Законот за Финансиска поддршка на Инвестиции (ЗФПИ).