Вицепремиерот Битиќи и директорот на ФИТР Петров во работна посета на Израел


 Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, на покана на Израелската агенција за меѓународна соработка и развој (MASHAV), од денеска ќе остварат работна посета на Израел, во која особен фокус ќе биде ставен на израелските искуства и системот за поддршка на старт-ап компаниите.


 

Четиридневната посета на Израел, вицепремиерот Битиќи и директорот Петров ќе ја започнат денеска, со средба со министерот за земјоделство и рурален развој, Одед Форер.

Битиќи и Петров во Израел ќе посетат неколку универзитети и акцелератори за поддршка на старт-ап компании, посета на MASHAV и средба со директорот на оваа развојна Агенција, амбасадорот Ејнат Шлејн, состанок и презентирање на можности за инвестирање во Северна Македонија пред претставниците на водечките инвестициски фондови и стопанственици, а ќе остварат и средби со други претставници на политичкиот живот и бизнис секторот во Израел.